Бундеслигата може да има предвремн крај без шампион оваа сезона

Поради ширењето на заразата со коронавирусот Фудбалската федерација на Германија почна да размислува да ја прекине сезоната 2019/2020. Најавите се дека Бундеслигата ќе биде прекината по одигрувањето на колото викендов. Ваквата одлука може да значи и крај на сезоната без да биде прогласен шампион.

-Мораме да ги земеме во предвид сите можни сценарија. Треба да бидеме подготвени на фактот дека сезоната може да биде прекината или предвреме завршена. Целта ни е лигата да биде завршена на терените, ако има услови. Сепак, главниот збор ќе го имаат здравствените власти. Мораат да донесат јасни одлуки, изјави Фридрих Кертис, генералниот секретар на федерацијата.

Треба да знаете
Последни објави