Соопштение до јавноста- реакција на сопштението на СДСМ
Криминалната власт на СДСМ предводена од Зоран Заев во овие три години како се на власт целосно заборави на граѓаните на Република Македонија. Целат им беше само да се збогатат високите партиски функционери и нивните блиски.
Пред избори СДСМ се фалат дека воделе грижа за граѓаните, но граѓаните добро знаат дека сето тоа е лага и тоа една фарса за да добијат некој глас на престојните парламентарни избори.
Без никаков срам се фалат дека допринеле во детската заштита, но реалноста е дека владата на СДСМ го укина додатокот за трето дете и не го реализираа ветувањето за изградба на детски градинки.
Без никаков срам најавуваа изградба на социјални станови, а не само што не успеаја да изградат ни половина од она што го ветија, не беа способни да ги завршат и оние кои беа започнати од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Крајот на погубните политики на СДСМ и Заев се гледа. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката.
ПО 12 април следува обнова на Македонија која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ: