Главниот здравствен инспектор во Република Српска, Десимир Милјиќ е пронајден обесен во близината на реката Врбас во населбата Лазарево во Бања Лука. Ова го потврди полицијата во РС откако било откриено телото на возрасниот маж утрово околу 9.30 часот.
Како што пренесуваа медиумите од РС по направениот увид на лице место немало никакци знаци за насилна смрт. Според нив станува збор за самоубиство. Мотивите и причината поради што инспекторот кренал рака по сопствениот живот не се познати. Оваа вест го шокирала целиот здравствен инспекторат и другите институции во РС кои во последните денови се под голем притисок од епидемијата на коронавирусот.