ИХФ ги одложи ракометните квалификации за Олимписките игри

– Меѓународната ракометна федерација донесе одлука за одложување на квалификациите за Олимписките игри во Токио што требаше да се одиграат во април (мажи) и март (жени).

Новите термини ќе бидат дополнително одредени, во зависност од проценките за ситуацијата со коронавирусот.

– ИХФ сакаше натпреварувањата да се одржат во закажаните термини, но здравјето и сигурноста на ракометарите и ракометарките и сите учесници во натпреварите е од најголема важност за нас, се наведува во дописот на ИХФ.

Треба да знаете
Последни објави