Англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи соопштија дека целиот тим и тренерскиот персонал ќе бидат ставени во изолација, откако Калум Хадсон Оди бил позитивен на коронавирусот. Како што соопштуваат од „Стемфорд Бриџ“, младиот фудбалер во понеделникот покажал симптоми на настинка и останал во домашна самоизолација.
Сите кои неодамна имале контакт со играчот ќе бидат ставени во карантин. Тренинг комплексот пак делумно ќе биде затворен. Челси соопшти дека Калум Хадсон Одои се чувствува добро и сака што поскоро да се врати на терените.