Кинески епидемиолог: Врвот на коронавирусот кај нас помина, а пандемијата во светот треба да заврши до јуни

Глобалната пандемија на коронавирус најверојатно ќе заврши до јуни, за „Ројтерс“ изјави Жонг Наншан, виш медицински советник на кинеската влада.

Жонг, 83-годишен епидемиолог познат по борбата против САРС во 2003 година, рече дека многу увезени случаи на инфекција во Кина се асимптоматски и процентот на повторна инфекција на пациентите кои закрепнале е мал.

Кинеската Национална здравствена комисија соопшти дека врвот на епидемијата во земјата е поминат.

Треба да знаете
Последни објави