Коронавирусот може да преживее во воздухот 3 часа и на пластика со денови
Една нова студија која го разгледува коронавирусот САРС-КоВ-2, што предизвикува KОВИД-19, дојде до важни заклучоци за нов вид вирус со кој светот се бори последните три месеци. Научниците откриле дека вирусот преживува во воздухот до три часа, а може да трае и до три дена на пластични и челични површини, пренесува Fox News.
Студијата, објавена на страницата medRxiv, покажа дека новиот коронавирус може да живее на бакарни површини четири часа, a на картони до 24 часа.
„Резултатите што ги добивме укажуваат дека вирусот се пренесува преку воздух и преку предметите што ги користиме и дека може да остане жив во честички на воздухот до неколку часа, додека на површините на предметите може да живее и до неколку дена“, рекоа истражувачите на студијата, кои сè уште не ги разгледале .
Друга студија, објавена во февруари, дојде до заклучок дека COVID-19 е сличен на другите коронавируси, како што се САРС и МЕРС, и дека може да преживее на метал, стакло и пластика до девет дена. За споредба, вирусот на грип може да преживее на површините што не опкружуваат во просек од 48 часа. Таа студија, објавена во списанието „Болнички инфекции“, сугерираше дека коронавирусите можат да бидат „оневозможени“ за една минута со употреба на средства за дезинфекција кои содржат „62-71 проценти етанол, 0,5 проценти водороден пероксид или 0,1 проценти натриум хипохлорит “, додека другите агенси кои содржат” 0,05-0,2% бензалкониум хлорид или 0,02% хлорхексидин “се помалку ефикасни.
Во моментов нема ефикасен лек за вирусот КОВИД-19 и во тек е работа за да се најде вакцина.
Повеќе од 139.000 случаи се потврдени ширум светот, со повеќе од 5.100 лица загинати.