И Непал донесе одлука да ги прекине давањата одобренија за качување на Еверест заради пандемијата со коронавирусот, „затворајќи” го на тој начин за качувањето на највисокиот врв на Земјата.
Одлуката дојде неколку часа откако и Кина го запре пристапот до врвот од своја територија.
-Непал ги запре качувањата од сите планини во земјата и престана да издава туристички визи, изјави за француските медиуми Јогеш Бхатарај, министер за културен туризам и цивилна авијација.
Хималајската земја од одобрувања на екеспедиции на Еверест заработува милиони долари годишно.
-Владата реши привремено да ги прекине сите пролетни експедиции и одобренија за качување. Одлуката може да се преразгледа по анализата на глобалната ситуација во текот на следниот месец, рече Бхатарај.
Минатата пролет Непал имаше рекорден број експедиции до Еверест, вкупно 885 лица, од кои 644 го освојуваа врвот од негова територија, а 241 од северниот Тибет.
Досега Непал има потврден само еден случај на коронавирус.