Платете и заштедете за неколку секунди!
Cashback World неодамна го промовираше својот инвентивен продукт „eVoucher“ (еВаучер) кој ја стави компанијата на светската мапа на трендови и новитети која постојано имаат за цел да го прават пазарувањето поедноставно. Како компанија која се адаптира на дигиталните потреби во современиот онлајн свет, Cashback World со години наназад е пионер со многу иновативни решенија, уште од 2011 година кога ја лансираше Cashback картичката, потоа во 2013 година кога го промовираше мобилното плаќање, а во 2018 година го претстави последното решение а тоа е „eVoucher“.
Продуктот eVoucher претставува начин на плаќање преку мобилнатa апликација Cashback App (Кешбек Апликација). При самото плаќање членот веднаш добива Cashback (Кешбек) и Shopping Points (Шопинг Поени). Преку шопингот со eVoucher, корисниците ќе можат да платат и да профитираат за неколку секунди! На овој начин, шопингот со предности е уште поедноставен, помобилен и побрз за корисниците. Бесплатната Cashback App апликација може да се преземе преку App Store за iOS или преку Google Play Store за Android. Оттаму може да се нарача е-ваучерот и да се искористи веднаш при купување – брзо и без компликации. Понатаму, Cashback и Shopping поените се кредитираат кај корисникот директно при нарачката на eVoucher.
Овој продукт од неговото појавување стана можеби омилен кај Cashback заедницата, бидејќи неговите можности се неограничени. Потребата од безготовинско плаќање стана неизбежен дел во секојдневието, и тоа посебно во овој период на глобална пандемија на коронавирусот КОВИД – 19, кој ги натера голем број на земји да воведат мерки за заштита и превенција од ширењето на овој вирус. Во оваа кампања се вклучија и народните банки кои препорачуваат да не се користи готовина при пазарувањето, со што и myWorld (мајВорлд) се вклучува во апелите и мерките за заштита и превенција од овој вирус. Повеќе за новиот продукт eVoucher и начинот на користење прочитајте на овој линк.