Само 61 бегалец /мигрант пристигнаа вчера на грчките острови во северо-источниот дел на Егејското Море, објави весникот „Катимерини”, повикувајќи се на информации од локалните власти.
Од нив, 24 пристигнаа на Лезбос, а 37 на Самос.
Тоа е многу помалку од претходните денови, кога илјадници го преминаа морето за да стигнат до грчките острови, откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави дека Турција веќе нема да ги спречува мигрантите да се обидуваат да влезат во Европската унија.