Средба на Заев со шефицата на мисијата ОБСЕ/ОДИХР во земјава Зулуета

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари средба со шефицата на мисијата за набљудување на избори ОБСЕ/ОДИХР, во државава Тана де Зулуета.
Акцентот на средбата беше ставен на престојните парламентарни избори, кампањата на политичките партии и состојбата и справувањето со вирусот Ковид – 19 во земјава.
Претседателот Заев истакна дека очекува фер и демократски избори и фер и рамноправност во водењето на изборната кампања. Тој посочи дека со оглед на состојбата со Коронавирусот од кој не поштедена ниту нашата земја, а во насока на поголема заштита на граѓаните, сите политички партии се обврзаа да водат една поинаква кампања од досегашните односно без јавни собири, митинзи, ниту посети врата на врата, туку кампања преку мас- медиумите .
На тој начин сите заедно превенираме затоа што јавното здравје е најважно. Воедно граѓаните на овој начин ќе бидат во тек со програмата на партиите, она што тие го нудат во следниот мандат со цел градење на нивниот став за кого ќе го дадат својот глас. – истакна претседателот Заев.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија води позитивна кампања, со презентирање на програмата за следниот мандат, а која е насочена исклучиво во интерес на граѓаните и градење на напредна просперитетна држава.
Двете страни се согласија дека мошне е важно државата да покаже политичка зрелост, да одржи фер и демократски избори, со отсуство на нерегуларности, а со тоа ја задржи позитивната оценка за напредокот кој е постигнат изминатиот период. Сето тоа ќе влијае на нејзината евроинтеграција.

 

Треба да знаете
Последни објави