Откако Владата денеска донесе дополнителни мерки за спречување на заразата со коронавирусот, меѓу кои се намаленото работно време на кафулињата и рестораните, Скопје вечерва е празно.
Сликите од градот вечерва потсетуваат на тие од Вухан на почетокот на заразата во Кина, но и на Милано каде, како како и во цела Италија е воведен полициски час и граѓаните се по своите домови. Скопјани вечерва одлучиај да ги послушаат препораките, но дали така ќе биде во наредните денови ќе видиме.