Фудбалерот на Челси, Калум Хадсон-Одои, на социјалните мрежи објави дека веќе е излечен од корона вирусот. Тој беше првиот играч на англиското првенство на кој му беше дијагностициран.
– Како што можеби сте слушнале, неодамна бев третиран за вирусно заболување. Изолиран сум околу една недела и веќе сум здрав, затоа се надевам дека наскоро ќе се вратам на теренот и ќе ве видам повторно, сподели тој во видео-пораката.