Иранските безбедносни сили ќе ги испразнат градските улици во следните 24 часа во обид да го спречат ширењето на новиот коронарнавирус, јави новинската агенција ИРНА .
Иран е една од земјите која е најмногу погодена од пандемијата на Ковид-19.
Во таа земја, според најновите податоци, евидентирани се 11.364 случаи на зараза, од кои 1289 во последните 24 часа. Од Ковид-19 во Иран досега починаа 514 лица, од кои 85 за едно деноноќие. Вкупно оздравеле 3.529 лица.