– Информативната служба на Градот Загреб соопшти дека од коронавирус е заразено едно дете во градинка во хрватскиот главен град.
Градинката ќе биде затворена 14 дена, а 119 деца и шеснаесет вработени ќе бидат во самоизолација.
Родителите, чии деца ја посетувале градинката, во моментот се известуваат за мерките кои се должни да ги преземат.
Во Хрватска досега се потврдени 32 случаја на заразени од коронавирусот.