Српскиот претседател Александар Вучиќ и германската канцеларка Ангела Меркел се согласија во понеделник да одржат „видео состанок”.
Како што јави допсникот на МИА од Белград, Вучиќ и Меркел требаше во понеделник да се состанат во Берлин, но заеднички се договорија да разговараат преку конференциска врска заради општата состојба со коронавирусот.
Меркел и Вучиќ ќе разговараат за голем број прашања – решавање на косовското прашање, ситуацијата во регионот, европска интеграција, билатерални односи.
Вучиќ претходно изјави дека со Меркел ќе разговара и за пандемијата со коронавирусот. Тој исто така најави дека Србија како земја кандидат ќе побара помош од ЕУ за борбата против новиот вирус.