Иран: Осумдесет и пет жртви од Ковид-19 за 24 часа

Иранските власти денеска соопштија дека новиот коронавирус однесе уште 85 животи. Тоа е најголем број на смртни случаи во еден ден во една од најтешко погодените земји во светот.

-За жал, 85 лица заразени со Ковид-19 починаа во изминатите 24 часа. Со тоа, имаме вкупно 514 смртни случаи во Иран, рече портпаролот на Министерството за здравство Кианоуш Јаханпур на телевизиска конференција за медиуми.

Треба да знаете
Последни објави