Кејти Холмс откри некои детали од приватниот живот

Во интервјуто за најновиот број на магазинот InStyle, холивудска актерка Кејти Холмс, меѓу другото, се осврна на стресот што го претрпел, кога, по шест години брак, се развела од Том Круз во 2012 година.

„Тоа време беше напнато и интензивно. Сето тоа привлече големо внимание, а плус имав и мало дете. Многу од луѓето што не ги знаев дотогаш на крајот ми станаа пријатели и многу ми помогнаа“.

Колку ѝ значи Сури и колку се приврзани една со друга, 41-годишната Кејти Холмс никогаш не криела.

https://www.instagram.com/p/B9mQtngHHU6/

„Ја сакам најмногу на светот“, изјави таа.

Кога се присети на растењето на својата миленица, која беше едно од најфотографираните деца во целиот свет во текот на годините, Кејти Холмс призна дека сето тоа било доста стресно бидејќи папараците не ги оставале на мир.

https://www.instagram.com/p/B9ePvr2n_Ug/

„Постојано нè следеа, а јас сакав да бидам со неа надвор, така што одевме во парк во 6 часот наутро кога никој не можеше да нè види“.

Таа изјави дека сега кога има 40 години, и повеќе од свесна е за некои работи.

„Сега знам за што зборувам и знам дека и моите чувства имаат цена. Наместо да се потпирам на друг, јас се слушам себеси и тоа е голем чекор за еден човек. Потребно е време за да се дојде до таму“, рече Кејт.

Треба да знаете
Последни објави