Кремљ поради пандемијата на коронавирус ги замоли новинарите кои се чувствуваат болни да не доаѓаат на митинзите каде што е претседателот Владимир Путин.
„Сакам да ги замолам сите новинари кои ја следат работата на претседателот во Кремљ, уредниците на сите медиуми, да бидат особено будни“, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
„Ако ви тече носот, кашлате, или имате зголемена температура (…), не доаѓајте во Кремљ“, рече тој.
Владимир Путин (67) оваа недела одржа говор во парламентот, каде што беше еден пратеник кој неодамна се врати од Франција и го игнорираше карантинот. Потоа Долниот дом на парламентот, Думата, беше дезинфицирана.
Песков рече дека Путин немал контакт со пратеникот и дека не е заразен со коронавирус.