Државите во светот продолжуват да преземаат мерки против ширењето на Ковид-19.
Италија – Католичките храмови во Рим се затворени до 3 април. Досега беа забранети само литургии, но црквите во Рим останаа отворени за верници.
Естонија – Училиштата се затвораат од 16 март на две недели. Градинките остануваат отворени, но препорака е родителите да ги чуваат децата дома.
Португалија – Прекин на работата на сите училишта. Не е дозволено крузери да истовараат патници на португалска територија со исклучок на Португалци. Ноќните клубови се затворени, трговските центри и ресторантите ќе работат ограничено и при пуштање клиенти.
Чешка – Затворени се сите училишта и детски градинки.
Австралија – Властите ги повикаа граѓаните да не патуваат вон границите на државата. Не се препорачува ниту „непотребни собири на повеќе од 500 луѓе”.
Блиски исток:
Бахреин го обвинува Иран за биолошка агресија поради прикривање податоци за ширењето на вирусот во земјата.
Во Иран, постар советник на ајатолахот Али Каменеи – Али Акбар Велајати исто така се зарази и беше ставен под карантин. Во Иран, според официјалните бројки, има над 10.000 се заразени, а 429 се починати од вирусот. Заразени се пратеници, владини претставници и поранешни функционери.
Третиот по големина град во земјата, Исфахан, го затвори метрото за да го запре ширењето на вирусот . Метрото во градот го користат два милиои лица. Инфицирани во Исфахан се скоро 800.
Саудиска Арабија ги прекинува социјалните настани во хотелите и ритуалните сали како превентивна мерка. Властите на Саудиска Арабија и на Оман исто така воведоа ограничувања за патувања во обид да се спречи ширењето на заразата. Ријад забранува патување во сите земји на ЕУ, како и за Швајцарија и до 11 земји во Азија и Африка, јави ДПА. Меѓу новите азиски земји и Африка, предмет на ограничувања, се Судан, Јужен Судан, Сомалија, Филипини, Пакистан и Индија. Граничните премини со Јордан за поединци се затворени. Веќе има 45 случаи на инфекција во Саудиска Арабија.
Оман нема да издава туристички визи од недела и нема да дозволи крузери да впловуваат во локалните пристаништа. Во земјата има 19 случаи на инфекција.
Катар објави дека ќе ги затвори кината, театрите, спортските сали и музеи. Во земјата има 262 случаи на инфекција.
Во Израел, Бенјамин Нетанјаху повика на формирање вонредна влада на национално единство за да може земјата да се справи со епидемијата на новиот коронавирус. Во Израел има 109 нови случаи на инфекција и повеќе од 32.000 луѓе заразени кои се под карантин. Училиштата се затворени.
Индонезија забранува извоз на маски за да се обезбеди за локалното население да има доволно.