Нема да се игра и мечот Вардар – ПИК Сегед од Лигата на шампионите

И Европската ракометна федерација (ЕХФ) попушти пред налетото на коронавирусот. По состанокот кој го имаше со сите клубови учесници во осминафиналето од ракометната машка Лига на шампионите донесе одлука да ги одложи сите натпревари што беа закажани да се одиграат кон  крајот на месецов.

Во оваа елиминаторна рунда, актуелниот европски првак, скопски Вардар требаше да се соочи со унгарскиот ПИК Сегед. Првата средба беше закажана за 22 март во Скопје, а реваншот на 29 март во Сегед.

Алтернативни датуми за одложените натпревари не се одредени, а ЕХФ наскоро ќе го стори и тоа во зависност од справуавњето со коронавирусот.

ЕХФ најпрво одлучи да се играат натпреварите без присуство на публика. Ширењето на коронавирусот ги принуди клубовите и ЕХФ да ја смената одлука и средбите да бидат одложени на неодредено време.

Треба да знаете
Последни објави