Нови 153 случаи на заразени со новиот коронавирус во Белгија

Белгиското Министерство за здравство потврди дополнителни 153 случаи на заразени со новиот коронавирус во државата, јави дописничката на МИА.

-Има 153 нови случаи на коронавирус во нашата земја, вкупниот број сега изнесува 556 инфекции, изјави портпаролот Стевен Ван Гихт.

По повеќе недели преговори со локалните и регионалните ентитети, федералната влада на Белгија доцна синоќа успеа да се усогласи и да донесе нови мерки во земјата, вклучително затворање на образовните установи, откажување на сите забавни, спортски и културни настани, и барање од работниците и работодавците да охрабрат работа од дома. 

Треба да знаете
Последни објави