Полуфиналниот натпревар од Лигата на нации Норвешка – Србија за пласман на завршницата од Европското фудбалско првенство кој беше закажан да се одигра на 26 март во Осло, е одложен.
Причина е брзото ширење на коронавирусот, а одлуката ја донесе Владата на Норвешка. Со барања за одлагање на овие натпреаври во УЕФА се огласија и други национални федерации меѓу кои и македонската. УЕФА најави состанок за 17 март со сите национални федерации преку конференциска врска на кој ќе стане збор за одложување на разигрувањето во Лигата на нации и евентуално поместување на завршницата од ЕП-2020 за идната година.
-Норвешката влада, поради брзото зголемување на бројот на заразени коронавируси во оваа земја (регистрирани 777, само 148 синоќа), ги забрани сите спортски настани до 15 април, што дефинитивно значи дека нема да се играат натпреаври ниту пред празни трибини како што беше планирано пред три дена, пренесуваат спортските медиуми кај северниот сосед.
Истите медиуми наведуваат дека е можно натпреварот да се игра само во Белград, но и тоа е тешко да се очекува бидејќи ситуацијата со коронавирусот станува алрмантна и во Србија.