Натпреварот за претприемништво „Get in the ring Skopje 2020″, што беше најавен за денеска, е откажан согласно препораките и мерки за заштита од коронавирусот.
Организаторот „Get in the Ring Skopje 2020″ претпладнево соопшти дека на неколку недели ќе бидат одложени сите активности.
– Се извинуваме на сите пријавени учесници, ментори и партнери и се надеваме дека ќе наидеме на разбирање од Ваша страна. Тимот на „Get in the Ring” продолжува да работи на настанот. За
датите на одржување ќе бидете навремено известени на нашите социјални медиуми, се вели во соопштението.
И од „А1 Македонија” во чии простории требаше да се одржи натпреварот ја потврдија информацијата.
– Објавената информација од страна на организаторот на настанот, Студентскиот парламент на ФИНКИ е грешна и некоординирана со А1 Македонија. Уште еднаш потенцираме дека А1 Македонија одговорно ги следи препораките на СЗО и Министерството за здравство и ги презема сите мерки за заштита на вработените и корисниците и ќе продолжи да реагира согласно ситуацијата и препораките, се наведува во соопштението од компанијата.
Преку овој старт-ап настан, а на кој има учесници од повеќе земји, се доближуваат новитетите на маркетот и потенцијалниот пазар во земјата и странство до новите и идни старт-ап компании.