Пилотот на авионот, во кој беше Емилијано Сала, немал дозвола за летање

– Пилотот на авионот, во кој беше фудбалерот Емилијано Сала, немал дозвола за летање. Ова е резултат на истрагата која траеше повеќе од една година по смртта на аргентинскиот фудбалер кој патуваше од Нант до Кардиф каде требаше да ја продолжи својата кариера.

Во извештајот на Агенцијата за воздушни инциденти (ААИБ) се наведува дека Сала бил во несвесна состојба поради труење со јаглерод-моноксид. Пилотот, пак, Дејвид Иботсон не смеел да управува со авионот бидејќи дозволата му истекла во ноември 2018 година.

Авионот со кој Сала леташе од Нант кон Кардиф исчезна од радарите на 21 јануари околу 20.15 часот над каналот Ла Манш.

Треба да знаете
Последни објави