Први случаи на коронавирус во Судан, Гвинеја, Етиопија и Кенија

– Кенија, Етиопија, Судан и Гвинеја пријавија денеска први случаи на коронавирус, со што бројот во африканските земји, каде што се појави Ковид-19, се зголеми на 18 лица.

Африка до неодамна беше поштедена од епидемијата на коронавирусот.

Повеќето заразени се странци или луѓе кои патувале во странство.

Иако се преземени брзи тестирања и изолации со цел да се спречи ширењето на епидемијата, се стравува од фактот колку африканските земји имаат можност да се изборат со заразата.

Главно едноцифрени случаи се регистрирани досега во Мароко, Тунис, Египет, Алжир, сенегал, Того, Камерун, Нигерија, Буркина Фасо, ДР Конго, Јужна Африка, Брегот на Слоновата коска, Габорн и Гана и сега во Кенија, Етиопија, Судан и Гвинеја.

Во сите овие држави веднаш е донесена забрана за јавни собири.

Треба да знаете
Последни објави