Првaта грчка претседателка положи заклетва, немаше ракување

Првата претседателка на Грција, Катерина Сакеларопулу, положи заклетва на церемонијата на која присуствуваа само мал број луѓе заради епидемијата на коронавирус.

Сакеларопулу (64), поранешна претседателка на Државниот совет, највисокиот административен суд во Грција, го наследи Прополис Павлопулос на петгодишна претседателска должност.

Сакеларопулу положи заклетва на церемонијата на која присуствуваа мал број пратеници и други функционери, бидејќи Грција ги откажа јавните собири и ги затвори училишта и театрите за да го спречи ширењето на новиот вирус.

На церемонијата немаше ракуваше поради истата причина.

Досега во Грција се пријавени еден смртен случај и 117 случаи на инфекција со коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави