Принцот Хари и Меган Маркл го оставиле Арчи во Канада поради страв од короновирус

Меган Маркл и принцот Хари се вратија во Велика Британија на проштална турнеја, а многумина им замерија што синот Арчи го оставиле во Канада, сметајќи дека тоа го сториле од инает кон кралското семејство, за да ги оддалечат кралицата и другите членови од малиот наследник. Но во меѓувреме беше откриена вистинската причина.

„Одлуката Арчи да остане во Канада не е од некоја зла намера, како што имаше обид да се презентира, туку поради загриженоста за глобалната здравствена состојба предизвикана од коронавирусот“, откри новинарот Брајони Гордон, еден од присутните на последниот прием на Меган Маркл во Бакингамската палата.

„Ја слушнав Меган кога разговараше со некоја познајничка на приемот и објаснуваше дека нема никаков лош наум во сето ова, ниту сакала да го оддалечи 10-месечното бебе од семејството на Хари. Таа истакна дека е чиста логика дека во таква ситуација не се води толку мало бебе на толку долг пат само за неколку дена, додека тие ќе вршат протоколарни должности во текот на целиот ден“, додаде тој.

Меган изјави дека целата ситуација е прилично сериозна и одвај чека да се врати дома и да биде со својот син.

Треба да знаете
Последни објави