Коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ и од Беса вечерва до Државната изборна комисија (ДИК) ги доставија кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 12 април. Дамјан Манчевски од СДСМ и Аријанит Хоџа од Беса истакнаа дека очекуваат оваа најмногубројна и најразнолика коалиција да победи на претстојните избори.
-На оваа листа се 120 имиња одговорни граѓани, кои ја сакаат својата земја и кои се спремни да направат се за своите граѓани, да се вложат себеси со професионална работа во независен парламент. Ова е најгоелмата коалиција во моментот составена од различни политички партии кои се обединети околу она што е важно за граѓаните, иднината за државата, како што се, пред се, членството во НАТО и ЕУ, економскиот раст, поголеми плати и пензии, грижа за сите, правда и праведна држава и здрава животна средина, истакна Манчевски.
Токму тоа се и клучните столбови околу кои се обединиле различни политички партии зад кои, како што истакна Манчевски, застанаа сите етнички заедници во коалицијата „Можеме” и кои носат уште побрз напредок на земјата.
-Сите политички субјекти од оваа најголема и победничка коалиција ја препознаа важноста и потребата на граѓаните, а тоа е државата да продолжи по вистинскиот пат затоа што сега кога државата е на викстинскиот пат, кога станува член на НАТО и кога следува почеток на преговорите со ЕУ многу е кважно да продолжиме да чекориме уште посилно по тој пат. Важно е да продолжат реформите, да растат платите и пензиите, да расте економијата, инвестициите, да продолжи развојот на инфраструктурата, вложувањата во образованието, во социјалата, во здравството. Докажавме, а во новиот мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро, рече Манчевски