Кабелскиот оператор „Тотал ТВ“ денес ги израдува своите претплатници со известувањето за бесплатно отворање на сите дополнителни канали.
„Вообичаено ова го правиме во убави моменти, меѓутоа ние сме тука за вас и во лошите мигови. Свесни сме колкав стрес и промени во животните навики носи вонредната состојба поради епидемијата на вирусот корона. И знаеме дека и покрај другите препорачани начини на превенција, повеќето луѓе ќе поминуваат поголем дел од времето дома со семејството најчесто пред телевизорот. Од таа причина како компанија која навистина се грижи за граѓаните и со желба барем малку да се олесни ваквата ситуација во којашто сме сите заедно, решивме до 4 мај да ги отвориме дополнителните канали и да ви ги понудиме најразличните содржини“.
Опуштете се, смејте се со програмата што ја сакате и останете безбедни“, стои во известувањето од „Тотал ТВ“.
(ПР-текст)