Министерот за здравство Венко Филипче вели дека Владата утврди дека се воведува кризна состојба во Дебар и Центар Жупа.
-Стабилни се сите освен патничката од Дебар сопругата која стигна од Италија. Таа е на пат да биде ставена на апарат. Сите останати тестирани негативни. Денес уште 10 лица тестирани од Дебар четири позитивни. Еден патник е стигнат од Германија на Скопски аеродром бил со температура. Тој се тестира и луѓето кои седеле околу него- вели Филипче. Целосно се почитува забрана за влез на лица од земји со висок ризик- вели Филипче.
Според него луѓето треба да сватат дека мора да се почитуваат мерки.
-Вчера апелиравме до сите и сите одлуки кои се донесени треба да се почитуваат ова не е шала- вели Филипче. Тој не знае дали организаторот на симпозиумот знаел дека докторката има сиптоми. Не сака да предвидува како ќе се одвива развојот на болеста. Најави санкции за директорката
и за фирмата која го организирала симпозиумот.