Хју Џекмен е со сопругата Дебора-Ли Фуентес од 1996 година и верува дека тие сè уште се лудо вљубени по 25 години бидејќи наоѓаат време за еден за друг и се потсетуваат зошто се вљубиле еден во друг.
Во разговор со People, 51-годишниот актер објаснува: „Ние секогаш учиме, луѓето се менуваат па така и ние, и покрај тоа што сме заедно веќе 25 години, треба постојано да се ресетираме. Таа секогаш ме развеселува, таа е духовита, неверојатна и паметна. А што се однесува до нашиот брак, колку подолго трае, толку станува подобро.“
Актерот претходно рече дека тој и Дебора – со која имаат две деца, Оскар (19) и Ава (14) – уште на самиот почеток на нивната врска склучиле пакт, а тоа е секогаш да бидат во тек доколку нивниот живот се најде на крстосница.
„Пред да имаме деца, Деб и јас направивме прилично едноставен, но моќен избор да се гледаме еден со друг во очи на секој крстопат во животот“, објаснува тој.
„Тие крстосници понекогаш се големи, понекогаш се мали, понекогаш дури и не сфаќате дека тие се крстопат, додека не погледнете назад.“
„Но, во тие моменти ние се прашувавме дали е тоа добро или лошо за нашиот брак. Или, сега кога имаме деца дали е ова добро или лошо за нашето семејство“
Тој претходно откри дека клучот за неговиот брак е „интимност“.
„Луѓето зборуваат за интимност и претпоставуваат дека тоа се однесува на спалната соба. Секако дека е тоа, но, интимност е да си во можност да споделиш сè заедно – добро, лошо, стравувања, успеси“, вели актерот и додава: „Деб и јас го имавме тоа од самиот почеток.“
Австралискиот актер Хју Џекмен (52) се прослави со улогата на суперхеројот мутант Вулверин во популарната франшиза „Икс-мен”.