Јавноста исклучена од „Рекет“, Јанева ќе приложи докази за „Империја“

Судот ја исклучи јавноста од денешното рочиште за Рекет по барање на одбраната на Катица Јанева, па судењето продолжи без присуство на новинарските екипи.

Како што наведе адвокатот Дељо Кадиев, тоа е поради докази поврзани со случајот Империја во кој осомничен е рекетираниот бизнисмен Орце Камчев, а предметот е се уште во истрага.

Инаку пред да биде отстранета јавноста од судницата, одбраната на Јанева презентираше документи од банкарската сметка на екс специјалната обвинителка според која таа немала други приливи освен платата и еден надоместок од Владата поради учество во телото за правосудни реформи.

Според приложеното, трансакциската сметка од НЛБ банка од 1.9 2018 до 1.9 2019 година, Јанева покрај платата на 5.7 2019 година имала и уплата од Владата. Адвокатот Дељо Кадиев не наведе за што се однесува уплатата од Владата на личната сметка на Јанева.

Одбраната претходно започна со презентација на материјалните докази па прво беше пуштена емисија од 1ТВ во која Јанева говори за одредување на мерката куќен притвор. Таа сметала дека мерката куќен притвор дека што помалку да се одредува доколку осомничените соработувaат со истрагата и дадат гаранции дека нема да бега.

На увид пред судот Јанева го достави и анкетниот лист во периодот од 2015 до 2019 година кој според нејзините адвокати, таа нема промена во имотната состојба.

Воедно, беше презентирана и листа на транскрипти кои лицето Лиле Делиџакова (сестра на обвинетата Јанева) ги уплатила во болницата „Систина”, за лекување на нејзиниот татко.

Судијката Васка Николовска – Масевска, го прифати овој предлог и објасни дека до 23 март сите рочишта за „Рекет”, ќе се одвиваат без присуство на јавноста, заради чување на тајноста на овој предмет.

На рочиштето закажено за 23 март, одбраната на Катица Јанева, ќе почне со испитување на сведоци, меѓу кои се предожени и поранешни обвинители од СЈО.

Треба да знаете
Последни објави