Во текот на вчерашниот ден во рамките на своите надлежности, Дирекцијата за заштита и спасување преку подрачното одделение во Дебар се вклучи во работата на Оперативниот штаб кој беше формиран за справување на терен против ширење на Корона вирусот.
Дирекцијата за заштита и спасување со свој тим и комплетна опрема, возила со пумпи за дезинфекција и целосна опрема за РХБ заштита делуваше на терен.
“Дирекцијата за заштита и спасување со своите човечки и материјално-технички ресурси останува максимално ангажирана за намалување на ризикот од ширење на Корона вирусот”- изјави Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски.