– Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро напиша денеска на својот Фејсбук профил дека не е носител на коронавирусот.
– Воената болница покажа негативен резултат за Ковид-19 кај претседателот на Републиката, Жаир Болсонаро, објави тој на Фејсбук.
Болсонаро направи тестирање откако минатата недела беше на посета во САД и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп. Шефот на бразилската држава на патувањето беше придружуван од делегација, чиј еден член вчера беше позитивен на тестирањето за новиот коронавирус.