Деветнаесетгодишна бремена жена од Гватемала почина откако падна од ѕидот на границата помеѓу САД и Мексико.
Мириам Стефани Гирон Луна паднала од ѕидот во саботата додека се обидувала да се качи во близина на Ел Пасо, Тексас. Таа била итно пренесена во болница каде докторите се обиделе итно да ја породат со царски рез, но не успеале. Таа и бебето починале, како последица на тешките повреди од падот.
Според информациите од медиумите, жената патувала со 26-годишен партнер, за кого се верува дека е татко на бебето, како и дека паднала од шест метри височина.
Како што наведуваат медиумите, овој случај го претставува начинот на кој имигрантите се обидуваат да стигнат во САД, во моменти на нови рестрикции.
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе низа рестриктивни мерки за влез во САД од страна на имигранти од Мексико, вклучително и изградбата на ѕид на границата.