1. Се задолжуваат вработените и јавните обвинители во Основните јавни обвинителства Дебар, Кичево и Гостивар, строго да постапуваат по препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи за време на прогласената кризна состојба.
2. Просториите задолжително да се дезинфицираат, да се зголеми степенот на хигиена, а странките и другите учесници во постапките, на влезовите во објектите, задолжително да го поминат процесот на дезинфекција.
3. Сите закажани странки и други учесници во постапките во Основното јавно обвинителство Дебар се одлагаат на неопределено време. Основното јавно обвинителство Дебар ќе ги прима сите кривични пријави, а ќе постапува само по притворски предмети и по кривични пријави за кривични дела: Пренесување заразна болест по член 205 од КЗ, Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по член 206 од КЗ, Несовесно лекување болни по член 207 од КЗ, Неукажување медицинска помош по член 208 од КЗ, Спречување службено лице во вршење на службено дејствие по член 382 од КЗ, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 од КЗ и Организирање на отпор по член 387 од КЗ. Странките и другите учесници по кривичните пријави за овие кривични дела влегуваат во Обвинителството со задолжителна здравствена процедура и безбедност определена во мерките на Владата.
4. Основното јавно обвинителство Дебар ќе ги врши увидите на лице место од негова надлежност и од надлежност на Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство Гостивар на териториите на општините Дебар и Центар Жупа.
5. Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство Дебар со живеалиште во општина Охрид и административниот работник со живеалиште во Центар Жупа, неопходните службени должности ќе ги извршуваат од дома и се ослободуваат од доаѓање на работа во Основното јавно обвинителство Дебар.
6. Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство Гостивар, сите закажани странки и други учесници во постапката кои се со живеалиште или престојувалиште во општините Дебар и центар Жупа, ги одлагаат на неопределено време и не повикуваат нови за време на траењето на кризната состојба.
7. Ова задложително упатство стапува во сила веднаш.