Водечките фактори во англискиот фудбал решија да ги прекинат натпреварите на сите нивоа во земјата, барем до 3 април. Натпреварите во Премиер лигата, како и во Чемпионшип и долните две дивизии, нема да се играат во овој период. Запрени се и сите дуели на јуниорски нивоа.
– Одлуката е донесена заради зголемениот број на клубови кои преземаат чекори да ги изолираат своите играчи и штабови заради вирусот КОВИД-19. Покрај тоа, на клубовите им беше советувано да ги прекинат сите активности кои не се од витално значење за неодредено време. Оваа одлука не беше донесена лесно, но здравјето и состојбата на фудбалерите, тренерите и навивачите треба да бидат приоритет за нас, се вели во соопштението.