Идната Влада водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има стратегија и методологија за просперитетна и европска Македонија

ВМРО-ДПМНЕ по формирањето на владата се обврзува на обнова на Македонија во сите сфери во општеството, со цел подобрување на животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди зголемување на просечна плата во државата за цели 25% за еден мандат, зголемување на просечната пензија на пензионерите за +20% во еден мандат односно повеќе од 3.000 денари за секој еден пензионер.

ВМРО-ДПМНЕ преку новите мерки предвидува невработеност под 10% и 0% персонален данок за младите до 29 години.

Владата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на рамен данок  од 8%. Ќе има обнова која ќе донесе раст на БДП за повеќе од 4% годишно. Две милијарди евра инвестиции во патишта. 150 километри експресни патишта, енергетска обнова на домовите на граѓаните и гасификација на целата држава со бесплатни приклучоци за гас за секое домаќинство. Изградба на нови 20 и реконструкција на повеќе од 50 училишта. Поголеми примања за Универзитескиот кадар, повеќе бесплатни лекови за ранливите групи. 4 нови клинички центри и редица други проекти кои што се дел од Проектот наречен „Обнова на Македонија“.

ВМРО-ДПМНЕ има стратегија, методологија, визија по кои ќе работи чесно и честито.

Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за обнова, а гласот за СДСM е глас за криминалот кој мора да биде поразен.

СДСM ќе остане партија заробена од Заев и Шекеринска кои се последните остатоци на криминалната транзиција. За спас на Македонија, на 12-ти април транзициските криминалци мора да бидат казнети за штетите кои ги направија.

 

Треба да знаете
Последни објави