Комби удрило во скеле, паднал работник и тешко се повредил

На 12.03.2020 во 10.50 часот било пријавено дека на ул.„Поп Аврамија“ во Прилеп, товарно возило „пежо боксер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(46) од Прилеп, при разминување со непознато возило со десниот ретровизор удрил во дрвена необележана талпа од скеле, која била надвор од оградниот sид, по што од скелето паднал градежниот работник Т.Т.(67) од Прилеп.

Во незгодата Т.Т. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп

Треба да знаете
Последни објави