Лажна е веста дека Дибала има коронавирус

Напаѓачот на италјанскиот фудбалски првак Јувентус, Пауло Дибала не е заразен со коронавирус, и покрај тврдењата на венецуелскиот весник „Ел Насионал”, кој напиша дека Аргентинецот е под карантин.

„Лажни вести”, напиша Ромео Агрести, новинар близок до Јуве, во коментар на Твитер.

– По гласините дека Дибала е позитивенза коронавирус, јас контактирав со него. Ова не е точно. Пауло е во одлична состојба. Сите играчи на Јувентус ќе бидат испитани во понеделник, изјави дописникот на ЕСПН – Андрес Ангула.

Единствениот играч на „бјанконерите” за кој официјално е потврдено дека има коронавирус е Даниеле Ругани.

Како резултат, 121 лице од клупскиот персонал, вклучувајќи фудбалери и тренери, беа ставени во карантин.

Треба да знаете
Последни објави