Мицкоски: На листата на ВМРО-ДПМНЕ над 95% се нови лица, додека на листата на СДСМ гледаме аболирани лица и лица кои се во политиката од 90тите години

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

Новинарско прашање: Вие имавте лидерска средба, разговаравте ли за овие мерки, ги понудивте ли на Владата и каков фидбек имавте?

Одговор на новинарско прашање: Во текот на лидерската средба вчера што ја имавме во Владата јасно дадов до знаење дека покрај она што е најважно, а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните, економијата, реалниот сектор ќе биде под жесток и силен удар, затоа што не само во Македонија тоа е факт секаде во светот последно во Кина, Германија и останатите земји каде што нашата држава има економска соработка посебно во делот на извозот и таму рековме дека веднаш треба да се интервенира во стопанството. Ние како партија ќе понудиме сет на мерки кои што ќе значат покрај заштита на здравјето и превенција од понатамошна ескалација со Корона вирусот и заштита на здравјето на граѓаните ќе понудиме сет на мерки за санирање на штетите во реалниот сектор и во економијата. Дел од тие сет на мерки што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ за месец март се овие кои што ги кажавме или накратко еве да ги повторам, најпрво да се замрзнат обврските кои што ги имаат компаниите погодени од оваа новонастаната ситуација со Корона вирусот кон државата. Второ да се замрзнат обврските кои што ги имаат овие компании кон банките и заемодавателите. Трето државата да субвенционира до 50%  од трошоците за вработените на компаниите кои што се погодени од состојбата со Корона вирусот. За да се случи сето ова најнапред е потребно согласно законот за кризи да се прогласи кризна состојба на државата за да може владата во услови на нефункционално Собрание да ги донесе овие мерки.

Новинарско прашање: Рековте кризна состојба, дали се надоврзувате на денешниот став на претседателот Стево Пендаровски бидејќи од понеделник рече ќе се размислува, дека ќе разговара Советот за безбедност токму за оваа тема. Ќе го поддржите ли претседателот Пендаровски доколку изрази волја иако состојбата е таква да има основа за кризна состојба?

 

Одговор на новинарско прашање: За волја на вистината не сум го слушал пресот на  претседателот Пендаровски, но доколку ова го предлага, да ќе го поддржам. Доколку предлага на лидерска средба и доколку на лидерската средба го предложи ова, да ќе го поддржиме, но ако не предложи ние ќе го предложиме.

Прашање: Претседателот Пендаровски сега кажа дека стоковите резерви се во добра кондиција вие кажувате дека треба економијата сега во овој месец ќе се најде во кризна состојба предложивте и сет економски мерки. Ме интересира на вчерашната средба кои беа предлозите на владата да се справи со кризата во однос на економијата и дали вчера добивте информација кои се тие организирани групи како што вели претседателот Пендаровски кои што смислено шират паника на социјалните мрежи креирајќи лажни  вести меѓу  граѓаните?

Одговор на новинарско прашање: Не знам за второто ќе  треба него да го прашате, да ви одговори, јас немам комуникација овие денови со господинот Пендаровски за да знам на кои  организирани групи конкретно мисли, а што се однесува на првото прашање и вчера веднаш после средбата имав една изјава пред медиумите и кажав дека од страна на техничкиот претседател на владата беше кажано дека во 16 часот ќе  има состанок со стопанските комори и чекав да излезат со сет на антикризни мерки кои што се однесуваат на економијата. Видов дека воопшто нема таков сет на кризни мерки и затоа денес еве ние излегуваме со предлог кои што го соопштувам јавно транспарентно овдека пред вас. За да тоа се случи потребно е законско решение бидејќи  имаме нефункционален парламент, имаме распуштен парламент. За да може владата да донесе ваква одлука потребно е да се прогласи состојба на криза согласно законот за кризи цитирав кој член која алинеа за да може владата да ја превземе таа ингеренција и да го донесе овој сет на мерки. Затоа што не е тоа состојба само во  Македонија, тоа е состојба секаде во Европа секаде практично во светот и она што е  најважно најпогодени се секторите кои што се во делот на услугите, тука во самата држава, зборувам пред се на услугите во угостителството и туризмот но, и оние сектори кои што соработуваат со државите кои што се најпогодени од аспект на извоз како што се текстилната, кожарската, чевларската но, и оние компании кои што се наоѓаат во технолошко индустриски развојните зони затоа веднаш треба да се превземат сет на мерки  да се обезбедат средства коишто ќе ги санираат  овие штети затоа што ќе имаме последици, потоа не само по основ на буџет, туку и по основ на останатите макроекономски параметри во државата.

 

 

Треба да знаете
Последни објави