Со цел елиминирање на секоја можност за ширење и превенција од ковид-19 (коронавирус), Министерството за финансии ги советува странките наместо да доаѓаат лично, да контактираат на е-пошта или на телефонскиот број 02/3255-300, како и на е-пошта и телефонските броеви објавени на веб-страницата на Министерството за финансии.
Исто така, препорачуваме сите преписки, барања и други документи кои можат да се доставуваат и испраќаат електронски – да се испраќаат и примаат електронски, за да се избегне користење хартиена форма (се разбира доколку не е неопходно документот да биде во хартиена форма, во оригинал).
Потребните состаноци секторите ќе ги држат преку телеконференциска врска.