– Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) соопшти дека се одложува Лигата на нации во машка и во женска конкуренција поради пандемијата на коронавирус.
Раководството на ФИВБ донело одлука за поместување на натпреварувања по завршување на Олимписките игри во Токио.
Планирано е Лигата на нации во двете конкуренции да се играат по Олимпијадата, доколку се пронајдат соодветни термини.