– Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во Грција се зголеми на 190, а по препорака на експертите од Министерството за здравство, се затвораат сите трговски центри, кафулињата, баровите, сите угостителски објекти, освен оние за достава (delivery) и носење (take away), библиотеките, музеите и археолошките локалитети, спортските објекти, салоните за убавина, јави дописничката на МИА од Атина.