Oсновното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка за 62-годишен жител на с.Форино, гостиварско поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело- Разбојничка кражба од член 238 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот на 18 февруари, околу 10 часот, затечен во кражба употребил закана дека непосредно со опасно урудие ќе нападне врз друго лице со намера украдениот предмет да го задржи. Имено, тој отворил незаклучена предна врата на паркирано возило марка „ форд транзит“ и одзел 1500 денари кој се наоѓале внатре во возилото. Но, бил затекнат од оштетениот кој се наоѓал на задните седишта во патничкото возило. Откако оштетениот излегол од возилото, побарал од осомничениот да му ги врати парите. Во тој момент, осомничениот со цел да ги задржи парите, извадил нож и се заканил на оштетениот, по што побегнал со велосипед од местото на настанот.
Поради потреба од обезбедување на натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, како и обезбедување на присуство на осомничениот, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.