Уште три случаи на инфекција со коронавирус се потврдени денеска во Турција, со што вкупниот број заразени е петмина.
„По првите два случаја, потврдивме уште тројца што биле во контакт со нив и од истото семејство. Сите пет случаи се директно поврзани“, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коца.
Тој додаде дека Турција забранила летови до 14 земји како дел од мерките за борба против ширењето на коронавирусот. Тој исто така додаде дека турските државјани што биле во посета на странски земји ќе поминат 14 дена во самоизолација.
Посетите во болниците ќе бидат дозволени само по работното време и ќе бидат ограничени.
Коронавирусот избувна во кинескиот град Вухан во декември 2019 година ширејќи се во најмалку 123 земји и територии. Од оваа болест умреле речиси 5.000 луѓе, а повеќе од 132.500 биле заразени, велат податоците на Светската здравствена организација, која прогласи пандемија.