УЕФА ги одложи натпреварите закажани за следната недела

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) потврди дека донела одлука да ги одложи натпреаврите кои требаше да се играат наредната недела под нивна капа. Тоа занчи дека сите натпревари од Лигата на шампионите, Лига Европа и младинската Лига на шампионите се одложени.

Тоа значи дека нема да се играат мечевите меѓу Јувентус и Лион, Манчестер сити и Реал Мадрид, Барселона – Наполи и Баерн – Челзи. УЕФА во вторник ќе ја соопшти и одлуката за судбината на ЕП 2020 и за бараж-мечевите од Лигата на нациите, во кои учествува и Македонија.

Покрај тоа што се одложуваат натпреварите, одложени се и ждрепките кои требаше да се одржат на 20 март.

Дополнителните образложенија и одлуки за тоа кога ќе играат средбите, од УЕФА најавија дека ќе објават во периодот кој следува.

Треба да знаете
Последни објави