Фон дер Лајен: Оние кои извршуваат помалку важни функции во ЕК да работат од дома

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен упати писмо до персоналот на ЕК од понеделник оние кои извршуваат помалку важни функции да работат од дома „онлајн”.

„Ги преземаме неопходните мерки на претпазливост за да се намали ризикот од ширење на коронавирусот”, наведе Урсула фон дер Лајен во писмото и додава дека шест лица од персоналот на ЕК се веќе заразени.

Една третина од 9.000 вработени во Комисијата веќе работат од дома.

Коронавирусот, исто така, ќе влијае врз преговорите меѓу Брисел и Лондон за идните односи по Брегзит.

Преговарачите од двете страни одлучија вториот круг од преговорите, предвиден за следната недела во Лондон,  да не се одржи во овој град. Тие разгледуваат други начини за преговори, меѓу кои и за разговор преку „видео-линк”, наведуваат европски извори.

Треба да знаете
Последни објави