Француските образовни установи ќе бидат затворени најмалку 15 дена

 Француските образовни установи ќе останат затворени најмалку 15 дена, јави дописникот на МИА.

Појаснувањето го даде министерот за здравство Оливие Веран, по вчерашната одлука на францускиот претседател Емануел Макрон.

Со мерката се опфатени вкупно 12 милиони млади од 2,5 до 17 годишна возраст, при што се поставува прашањето за нивното чување од родителите. За вработените во секторот на здравството се предвидуваат исклучителни мерки за чување на децата, додека другите родители за чувањето на децата можат да побараат рдотелско боледување.

Треба да знаете
Последни објави